Peace Sells е песна на Мегадет од нивниот втор студиски албум Peace Sells... but Who's Buying?. Напишана е од страна на Дејв Мастејн, а заедно со „Wake Up Dead“ од истиот албум се задолжителни на секој нивни концерт. Според Дејвид Елефсон, уште пред издавањето на албумот, имал претчувство дека „Peace Sells“ ќе биде голем хит..[1] Текстот ги побива сите стереотипи за антисоцијалната природа и атеистички определби на лицата кои слушаат хеви метал. Музичката ТВ куќа VH1 ја рангирала песната на 11 место на нивната список на најдобри хеви метал композиции на сите времиња.
- ↑ „ThePOGG интервју со Дејвид Елефсон“. Посетено на 6 ноември 2012.